Достапни линкови

Охриѓани на Младинската олимпијада


Велосипедистот Јован Јованоски и стрелачката Нина Балабан.

Велосипедистот Јован Јованоски и стрелачката Нина Балабан.

Младиот охриѓанец Јован Јованоски, кој е македонски јуниорски првак во велосипедизам, ќе ја претставува Македонија на вторите Младински олимписки игри од 16-22 август во кинескиот град Нинџинг. Охриѓанката Нина Балабан, која е македонски првак во спортско стрелаштво, од страна на Меѓународниот олимписки комитет е назначена за млад спортски амбасадор на игрите во Кина.

Кога почнав да се занимавам со спорт мојата желба беше еден ден да учествувам на Олимпијада и да ја претставувам Македонија, да го носам црвено-жолтиот дрес, вели младиот охриѓанец Јован Јованоски, кој е македонски јуниорски првак во велосипедизам.

Што се однесува до мојата дисциплина, јас и мојот соучесник Андреј ќе работиме како екипа, не индивидуално. Имаме пет дисциплини за возење, во кои секој од учесниците мора да учествува во две трки како поединец и една трка е заедничка. За резултатот кој ќе го постигнеме, двајцата ќе бидеме заслужни,

Тој е дел од македонската експедиција која ќе ја претставува Македонија на вторите Младински олимписки игри кои од 16-22 август ќе се одржат во кинескиот град Нинџинг.

„Бевме на островот Корзика со тренер од Словенија и тренерот ме праша што сакаш да постигнеш со возењето велосипед, и јас му одговор што повисок резултат сакам да постигнам. Тој тогаш ме праша Тур де Франс или Олимпијада, а јас на тоа му одговорив дека не сум многу за Тур де Франс, но оти Олимпијада повеќе ми се допаѓа. Така што уште од првиот момент кога почнав да се занимавам со овој спорт јас сакав да учествувам на една Олимпијада“, вели Јованоски.

Во Кина, покрај Јованоски, боите на Македонија ќе ги бранат и Ана Ивановска во спортско стрелаштво, Стефан Јанкуловски пливање, Елмедин Сејфулау во борење и Андреј Петровски во велосипедизам.

„Што се однесува до мојата дисциплина, јас и мојот соучесник Андреј ќе работиме како екипа, не индивидуално. Имаме пет дисциплини за возење, во кои секој од учесниците мора да учествува во две трки како поединец и една трка е заедничка. За резултатот кој ќе го постигнеме, двајцата ќе бидеме заслужни“, рече Јованоски.

Тој се надева дека ќе освои норма и дека ќе ја претставува Македонија и на ЛОИ во Рио Де Женеиро.

Охриѓанката Нина Балабан, која е македонски првак во спортско стрелаштво, од страна на Меѓународниот олимписки комитет е назначена за млад спортски амбасадор на игрите во Кина.

„Тоа значи дека ние младите амбасадори заедно со другите амбасадори од другите држави кои ќе учествуваме се трудиме младите спортисти од целиот свет да ги инспирираме да заборават на сите пороци, кафеаните да ги заменат со спортските сали, да конзумираат здрава исхрана, да водат здрав живот“, рече Балабан.

Таа вели дека се предвидени и голем број на културни и образовни активности за време на Олимпијадата.

„Ќе имаме активности како што се запознавање на другите култури од светот и антидопинг, воспоставување на рамнотежа на спортската кариера. Нашата цел на овие Олимписки игри е да ја промовираме Македонија и нашиот град Охрид со цел да ги насочиме младите кон спортот и здравиот живот со што тие би постигнале врвни спортски резултати, да станат олимпијци и еден ден да станат освојувачи на медали“, рече Балабан.

На овие младински олимписки игри ќе учествуваат 3.600 млади спортисти на возраст меѓу 15 и 18 години од 200 држави кои ќе се натпреваруваат во 28 спортови. На првите олимписки игри кои се одржаа во 2010 година во Сингапур, Македонија имаше 6 претставници.

XS
SM
MD
LG