Достапни линкови

Хаменеи-Интеракцијата на Иран со САД да биде ограничена


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави денеска дека интеракцијата на земјата со САД треба да биде ограничена на многу ретки и специфични случаи како што се нуклеарните преговори. Според него, Иран треба да има интеракција со сите земји освен со САД и Израел.

Хаменеи, кој го има последниот збор во сите државни работи ги поддржа преговорите со светските сили, меѓу кои и САД за нуклеарната програма на земјата. Но, упати критика до земјата бидејќи директните разговори со дипломатите, според него не ги намалиле санкциите и непријателството спрема Иран.

XS
SM
MD
LG