Достапни линкови

Германија ги предупредува своите државјани за еболата


Германија ги повика своите државјани да ја напушта Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, поради ширењето на еболата и растот на смртните случаи од болеста во западна Африка. Министерството за надворешни работи соопшти дека ги обновиле предупредувањата за патување во странство по средбата посветена на еболата во регионот. Но, според министерството, медицинскиот персонал кој е потребен на лице место е извоставен од предупредувањето. Германија, како што е наведено ќе ги остави отворени амбасадите во трите земји.

XS
SM
MD
LG