Достапни линкови

Македонските и турските власти го користат невлегувањето во ЕУ


Победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори, според неговите опоненти, ќе доведе до зацврстување на авторитарната власт во Турција. Турција, како и Македонија со децении безуспешно се обидуваат да станат членки на ЕУ. Колку властите ја искористија оваа европска бесперспективност за авторитарно владеење?

Властите во Македонија и Турција го користат за свои интереси фактот дека со години не стануваат земји членки на ЕУ, вели Лидија Димова од Советот за ЕУ интеграции на СДСМ. Според нејзините зборови и двете држави имаат проблем со дефицитарност на демократија, но не се во прашање само човековите права. За Турција се знае дека е мал економски џин, но направени се пресметки дека во таа држава нема рамномерен развој, а во слична насока се движи и Македонија, тврди Димова.

Кај нас раслојувањето во државата е подеднакво какво што е и во Турција, и кај нас богатството на целата држава се наоѓа во рацете на неколкумина. Значи не се само човековите права во прашање, туку се работи за начин на владеење, кој што го угушува поголемиот број на граѓани.

„Голем дел од богатството на Турција се наоѓа во рацете на малкумина, додека поголемиот дел од населението живее сиромашно и не живее како што ние мислиме дека живее. Тој начин на развој е спротивен на Европска унија. Ние се движиме во слична насока. Кај нас раслојувањето во државата е подеднакво какво што е и во Турција, и кај нас богатството на целата држава се наоѓа во рацете на неколкумина. Значи не се само човековите права во прашање, туку се работи за начин на владеење, кој што го угушува поголемиот број на граѓани“, вели Димова.

Турција има една од најголемите популации во ЕУ, но нејзините слабости се од внатрешно политичка природа, а тоа е прашањето на човековите права како на пример на Курдите кое ги оптоварува односите на Брисел и Анкара.

Прво големината на Турција во однос на Македонија е многу важна што се однесува до ЕУ, и второ се работи за исламска земја, за разлика од Македонија, во која мнозинството е христијанско население.

Македонија планира да стане составен дел од ЕУ, но поминаа 11 години, а проблемот со името се уште постои, има проблем со дефицитарна демократија и има сериозни проблеми на социјално економски план. Меѓутоа поранешниот дипломат Благој Зашов смета дека не може да се прават паралели меѓу Македонија и Турција од неколку причини. Македонија е држава која целосно партиципира територијално во Европа, додека Турција со едниот дел партиципира во азискиот дел, вели тој.

„Прво големината на Турција во однос на Македонија е многу важна што се однесува до ЕУ, и второ се работи за исламска земја, за разлика од Македонија, во која мнозинството е христијанско население“, вели тој.

Во врска со посочувањата дека и во случајот на Турција и на Македонија ЕУ интеграциите се злоупотребени од владејачките структури, тој вели:

„Такви работи како што има во Турција во однос на човековите права и во однос на слободата на печатот, има и во Европската унија и тоа не е проблем при прием на една земја, особено што многу често политички се одлучува за приемот на земјата, со тоа што кога ќе влезе во ЕУ мора да ги почитува стандардите од Унијата“, вели Зашов.

Сепак тој дополнува дека Турција од повеќе причини може да егзистира и без да биде членка на ЕУ, додека Македонија е дел од континенталниот дел од Унијата и оти затоа сакаме да биде дел од ЕУ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG