Достапни линкови

Гани се сомнева за поделбата на власта во Авганистан


Ашраф Гани

Ашраф Гани

Авганистанскиот претседателски кандидат Ашраф Гани изрази сомнеж за поделбата на власта со неговиот ривал Абдула Абдула. Според него, договорот е двосимислен и потребно е негово појаснување. Двајцата кандидати во минатата недела потпишаа договор за формирање влада на национално единство, по посетата на земјата на американскиот државен секретар Џон Кери. Во договорот е наведено дека без разлика од резултатите на изборите, откако ќе заврши ревизијата на гласачките ливчиња двајцата кандидати ќе ја делат власта во Авганистан.

XS
SM
MD
LG