Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Рамковниот договор е од клучно значење за Македонија


Ралф Брет

Ралф Брет

По повод 13 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет оцени дека договорот беше пресвртница која го симболизира почетокот на процесот на интегрирање на општеството и градењето вистинска мултиетничка, модерна европска држава. „Подготовка на претстојните генерации за интегрирана и мултиетничка иднина е од клучно значење“, се наведува во соопштението, во кое се додава:„Мисијата на ОБСЕ очекува обновена динамиката и похрабри чекори во оваа важна област која заслужува поитно внимание и е подготвена да ги поддржи институциите во спроведувањето на договорот.

XS
SM
MD
LG