Достапни линкови

Египет предлага продолжување на примирјето во Газа


Египетските медијатори предложиле продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас со цел на разговорите во Каиро да се дојде до крај на крвопролевањето во Газа. Денеска на полноќ истекува тридневниот прекин на огнот. Хамас на преговорите во Каиро бара од Израел целосно укинување на економската блокада на Газа, додека израелците сакаат целосно разоружување на оваа палестинско движење. Во најновата офанзива на Израел што почна пред еден месец загинаа околу 2 илјади палестинци и 67 израелци, главно војници.

XS
SM
MD
LG