Достапни линкови

Во Албанија приведени имигранти со симптоми на ебола


Албанската полиција во близина на Валона привела 40 илегални емигранти, од кои за петмина постои сомневање дека можеби се инфицирани со вирусот на ебола. Според полициски извори, илегалците, кои по потекло се од Еритреа, прво пристигнале во Грција, а потоа илегално влегле на албанска територија. Точниот број илегални имигранти во Албанија не е познат, но според полицијата од почетокот на годинава досега биле откриени петстотини, главно од Еритреа и Сомалија. Тие албанската територија ја користат само транзит за да заминат во некоја западноевропска земја.

XS
SM
MD
LG