Достапни линкови

logo-print

Рускиот хуманитарен конвој во близина на украинската граница


Руските новински агенции јавуваат дека рускиот хуманитарен конвој со скоро 300 камиони пристигнал во градот Вороњеж, на околу 300 километри од границата. Руското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Русија и Украина се договорле помошта да биде доставена преку граничен премин во близина на рускиот град Шебекино. Помошта содржела генератори за струја, храна, вода за пиење, медицинска опрема и лекови. Киев и Западот изразија загриженост дека помошта може да биде искористена како изговор за испрачање руски војници во Украина каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG