Достапни линкови

logo-print

СЗО одобри употреба на експериментални лекови против Еболата


Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри употребата на експериментални лекови за борба против смртоносната болест Ебола, од која досега умреа повеќе од илјада луѓе. Објавата на СЗО на вчерашниот состанок на медицински експерти во Женева доаѓа откако една американска компанија соопшти дека ги пратила сите количества на својот експериментален лек ЗМапп во Либерија.

Засега нема познат лек за Ебола и повеќето луѓе кои заболуваат од неа, на крајот починуваат. Лекот ЗМапп, кој никогаш порано не бил тестиран на луѓе, им беше даден на двајца Американци и еден шпански свештеник заболени од Ебола. Американците беа вратени во САД и заздравуваат, додека свештеникот почина во Шпанија.

Случаите на Ебола досега се ограничени на Гвинеја. Либерија, Нигерија и Сиера Леоне.

XS
SM
MD
LG