Достапни линкови

ЕУ нема единствен став за праќање оружје на ирачките Курди


ЕУ не успеа да постигне согласност околу снабдувањето со оружје на ирачките Курди во нивната борба со милитантите на Исламската држава, но соопшти дека земјите членки може да праќаат оружје индивидуално. По вонредниот состанок во Брисел, амбасадорите на ЕУ соопштија дека владите на земјите членки можат да праќаат оружје на силите на курдската Пешмерга во тесна координација со ирачките власти.

Европски дипломати истакнаа дека неколку земји се противеле на праќањето оружје за Курдите, спречувајќи широка спогодба во ЕУ за таквата политика. Франција, Италија и Чешка биле меѓу земјите кои поддржувале праќање оружје.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека Берлин треба да оди до границите на она што е политички и легално изводливо.

Британија соопшти дека ќе транспортира оружје од други земји до курдските сили.

XS
SM
MD
LG