Достапни линкови

Нови американски воени советници во северен Ирак


САД ќе испратат уште околу 130 воени советници во северен Ирак да им помогнат на локалните сили во борбата против исламските милитанти. Секретарот за одбрана Чак Хејгел вчера изјави дека советниците ќе помогнат во проценката за големината на хуманитарната мисија за бегалците од екстремните сунитски милитанти и потребите на силите на курдската Пешмерга кои се борат против исламистичките борци. Хејгел додаде дека новата група американски советници, кои ќе бидат стационирани во курдскиот главен град Ирбил, нема да бидат вмешани во борби.

Во северен Ирак има десетици илјади припадници на малцинството Јазиди на кои им се потребни храна, вода и засолништа. САД веќе имаат 90-ина воени советници во Багдад и уште околу 160 во два оперативни центра каде што работат со ирачките безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG