Достапни линкови

Меѓународни организации: Украина да не го носи спорниот закон за медиуми


Репортери без граници и Фридом Хаус ги повикаа украинските власти да не го усвојуваат предлог законот кој би и овозможил на владата да цензурира домашни и меѓународни медиуми. Двете организации вчера издадоа соопштенија во кои го критикуваат предложениот закон кој би му дал на украинскиот Национален безбедносен и одбранбен совет „драконска“ моќ да затвораат и ограничуваат медиуми за кои ќе смета дека претставуваат закана за „безбедноста и националните интереси“.

Украинските законодавци вчера го одобрија првиот предлог на законот.

XS
SM
MD
LG