Достапни линкови

Турските бизнисмени бараат од Ердоган крај на поларизацијата во земјата


Сојузот на турски индустријалци и бизнисмени го повика премиерот Реџеп Таип Ердоган, кој беше избран за претседател на државата, да стави крај на се подлабоката поларизација и зголеменото несогласување меѓу институциите во државата. „Нашето прво очекување од новиот претседател е укинување на сегашната поларизирана и сегрегирана средина која е на ниво што е закана за демократијата и развојот“, се вели во соопштението од Сојузот. Се надеваме дека новиот претседател ќе ја обнови хармонијата меѓу државните институции користејќи ги своите уставни можности и ќе одигра улога на смирување и почнување дијалог меѓу политичките партии, се додава во соопштението.

Сојузот ја нагласува неопходноста од воведување максимален број структурни реформи пред парламентарните избори во 2015 година.

XS
SM
MD
LG