Достапни линкови

logo-print

Почина холивудската легенда Лорин Бекол


Лорин Бекол прима честитики од Бил и Хилари Клинтон за освоена награда во 1997 година

Лорин Бекол прима честитики од Бил и Хилари Клинтон за освоена награда во 1997 година

Американската филмска и театарска икона Лорин Бекол, легендарна актерка од златната ера на Холивуд, почина во Њујорк на 89 години. Бекол, која беше во брак со Хемфри Богарт, ги направи своите најславни филмови во 40-те и 50-те години од минатиот век, но продолжи со успешните улоги и во своите 80-ти години.

Освен бракот со Богарт, Бекол била верена за Френк Синатра, а подоцна се омажила и за актерот Џејсон Робардс.

Нејзиното семејство соопшти дека Бекол починала откако доживеала силен мозочен удар.

XS
SM
MD
LG