Достапни линкови

logo-print

На светско ниво имаме околу 73 милиони невработени млади луѓе, а во оваа земја процентот на невработеност на младите е над 50 проценти, изјави Луиз Ментон, постојан претставник на ОН во Македонија.

Невработеноста претставува клучен проблем на младите, нагласи постојаниот претставник на ОН во Македонија Луиз Ментон на јавната дебата организирана по повод Меѓународниот ден на младите.

На светско ниво имаме околу 73 милиони невработени млади луѓе, а во оваа земја процентот на невработеност на младите е над 50 проценти.

Статистиките впечатливо укажуваат на огромната невработеност на младите која во овој момент се искачува на 50 проценти, рече таа.

„На светско ниво имаме околу 73 милиони невработени млади луѓе, а во оваа земја процентот на невработеност на младите е над 50 проценти. Постојат начини и пораки како може да се реши овој проблем, секако со учество на самите млади луѓе, така што на овој ден сакаме да ја искористиме можноста и да чуеме од младите како може да се реши овој проблем“, вели Ментон.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими нагласи дека инвестирањето во младите е главна мотивација на владата преку поддршка на повеќе проекти.

Невработеноста не претставува само економски проблем, туку последиците од долготрајната невработеност имаат влијание и на менталното здравје на младите луѓе.

„Посебно значаен е новиот проект на ЕУ за развој на млади, образование и спорт, кој може да го искористат и индивидуалци и правни субјекти и универзитети, што всушност е едно продолжение на сите досегашни проекти што ги имаше ЕУ преку кои дадени веќе 3 милиони евра за Македонија.“

Резултатите од многу истражувања за положбата на младите во Македонија зборуваат за нивната неактивност на пазарот на трудот, но се верува дека многу млади луѓе се обесхрабрени активно да бараат работа поради ситуацијата на пазарот на трудот. Многу млади луѓе имаат желба да работат во јавниот сектор, некогаш и несвесни дека шансите за таква работа се минимални. Меѓутоа на властите или подобро кажано на политичките партии им одговара позицијата на јавниот сектор како најпопуларен работодавач бидејќи младите се вртат кон нив како единствена адреса која може да им помогне. На трибината се говореше за важноста за менталното здравје за младите, за состојбите на младите во Македонија, како и за иницијативите за подобрување на менталното здравје кај маргинализираните популации. Присутните, претежно млади, имаа можност преку дискусија да разговараат за своите проблеми со кои се справуваат.

„Невработеноста не претставува само економски проблем, туку последиците од долготрајната невработеност имаат влијание и на менталното здравје на младите луѓе и навистина е многу важно да работиме за намалување преку различни мерки за да го решиме овој проблем“, дополни Данил Калајџиев од невладината ХЕРА.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12 август. Неговото меѓународно одбележување започна во 1999-та година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG