Достапни линкови

logo-print

Хеликоптер со хуманитарна помош се урна во Ирак


Ирачките медиуми јавија дека хеликоптер кој пренесувал хуманитарна помош на раселените јазиди во планината Сињар се урнал. Според ирачката војска, се работи за руски модел на хеликоптер. Според нив, во несреќата загинал пилотот, а еден адвокат кој се превезувал бил повреден.

Десетици илјади членови на малцинството јазиди ги напуштија нивните домови во северен Ирак поради офанзивата на милитантите од Исламската држава, кои им дадоа ултиматум или да станат муслимани или да си одат или да бидат убиени.

XS
SM
MD
LG