Достапни линкови

Русија ќе го предаде конвојот на Црвен крст во Украина


Рускиот хуманитарен конвој.

Рускиот хуманитарен конвој.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека хуманитарниот конвој ќе ја премине границата во Украина само под покровителство на Црвен крст. Украинската војска соопшти дека хуманитарната помош ќе треба да биде префрлена од руските камиони во други превозни средства на Црвен крст, доколку прифатат да биде пренесена во земјата.

Конвојот на околу 300 руски камиони, кој изутрината тргна за источна Украина според властите, пренесува околу 200 тони помош, од бебешка храна до вреќи за спиење. Од Црвен крст соопштија дека немаат информации што носат руските камиони и каде се наоѓаат.

XS
SM
MD
LG