Достапни линкови

Поранешен југословенски шпион обвинет за убиство во Германија


Германското Обвинителство соопшти денеска дека покренало обвинение против 72-годишниот хрватски граѓанин Здравко Мустач, кој е поранешен висок службеник на тајните служби на некогашна Југославија. Мустач е обвинет за соучество во убиство на политички дисидент пред 31 година.

Според обвинителството, Мустач му наредал на свој потчинет, Јосип Перковиќ да ги испланира деталите на убиството на дисидентот Стјепан Ѓурековиќ, извршено на 28 јули 1983 година во Минхен. Мустач беше екстрадиран во Германија во април оваа година.

XS
SM
MD
LG