Достапни линкови

Пакистанскиот премиер ќе се обрати пред опозициските протести


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска ќе се обрати на нацијата со цел да ги смири политичките тензии пред одржувањето на протестите на две опозициски групи. Протестите ќе се одржат за два дена предводени од опозицискиот лидер Имран Кан и светштеникот кој живее во Канада, Тахир ул Кадри. Пакистанските медиуми јавија дека Шариф ќе зборува за постигнувањата на неговата влада и ќе ги повика луѓето да ја отфрлат политиката на протестите.

XS
SM
MD
LG