Достапни линкови

logo-print

Косовската полиција трага по уште 17 осомничени терористи


Косовската полиција трага по 17 Албанци од Косово, кои заедно со 40-те лица кои беа уапсени вчера поради учество во конфлитот во Сирија, се осомничени дека се припадници на терористичките организации „Исламска држава“ и „Ал Нусра“, објавија денеска приштинските медиуми.

Водачот на оваа група, Бујар Брахими, за време на вчерашната полициска акција, не бил пронајден во неговиот дом, пренесува весникот „Зери“.

Во акцијата на полицијата беа затворени два објекта на Косово, за кои постојат сомнежи дека биле користени за регрутирање на младите луѓе за заминување во Сирија.

XS
SM
MD
LG