Достапни линкови

Загриженост за руската хуманитарна помош за Украина


Руски конвој со над 280 камиони хуманитарна помош денеска тргнал за Украина. Соединетите Држави изразија загриженост дека помошта би можело да биде искористена како изговор за воена интервенција на Москва во источна Украина. Црвениот крст бара повеќе детали за руската помош.

Конвојот со руска помош, според новинските извештаи, тргнал од регионот на Москва. Се наведува дека во него имало храна, лекови, медицинска опрема, вреќи за спиење и генератори за струја.

Сметаме дека Русија ќе се обиде да искористи хуманитарна или мировна операција како изговор за воена интервенција во Украина. Мислиме дека никаква акција не треба да биде преземена без директна дозвола од Киев.

Вчера Русија соопшти дека испраќа хуманитарен конвој во Украина под надѕор на Црвениот крст и без воена придружба.

Украина се согласи на хуманитарна мисија за проруските сеператисти во Луганск, но во соработка со Европската унија, Германија и Русија и под раководство на Црвениот крст.

Претходно, Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор му рекол на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо дека Москва планира хуманитарна помош во соработка со Црвениот крст.

Тука во Украина на ова повеќе гледаме како на политички и на воен чекор отколку на акт на сочувство. Ние ова го гледаме како акт на инвазија. Ја имаме поддршката од европските земји и Соединетите Држави во врска со ова прашање. Украина е за хуманитарна помош, ако е искрена.

Притоа Баросо предупреди од секаква еднострана воена акција во Украина под кој било изговор. Иста е и реакцијата од Соединетите Држави.

Портпаролката на Стејт департменот Мери Харф повтори дека Русија нема право да влегува во Украина без дозвола од Киев.

„Сметаме дека Русија ќе се обиде да искористи хуманитарна или мировна операција како изговор за воена интервенција во Украина. Мислиме дека никаква акција не треба да биде преземена без директна дозвола од Киев“, рече таа.

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека не одобрува руски камиони да влезат на украинска територија без меѓународна соработка и контрола. Црвениот крст изрази подготвеност да биде дел од мисијата.

„Ја добивме оваа понуда минатата недела од руското министерство за надворешни работи. Тие понудија хуманитарна помош за источна Украина. Ставивме јасно до знаење дека ќе ја разгледаме можноста ако сите страни: Москва, Киев и сепаратистите ја прифатат нашата позиција како неутрална организација“, изјави портпаролот на Меѓународниот Црвен крст, Ситара Џабин, наведувајќи дека Русија може и сама да достави помош, но тоа нема да биде според принципите и стандардите на Црвениот крст.

Советникот во украинското министерство за внатрешни работи Антон Герашченко смета дека хуманитарната операција ќе биде увод за руска воена интервенција.

„Тука во Украина на ова повеќе гледаме како на политички и на воен чекор отколку на акт на сочувство. Ние ова го гледаме како акт на инвазија. Ја имаме поддршката од европските земји и Соединетите Држави во врска со ова прашање. Украина е за хуманитарна помош, ако е искрена“, изјави Герашченко.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен оцени дека гледа, како што рече, голема веројатност Русија да се обиде воено да интервенира во Украина под маската на хуманитарна операција.

Според него, Алијансата немала никаков знак од Москва дека ги повлекува 20-те илјади руски војници кои се распоредни во близина на границата со Украина.

Илјадници луѓе се без вода за пиење, струја и лекови во регионите на Доњецк и Луганск каде што владините сили се борат против проруските сепаратисти од април годинава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG