Достапни линкови

Израел и Палестинците го почитуваат примирјето, во Каиро продолжуваат преговорите


Израел и Палестинците и денеска продолжија да го почитуваат 72-часовниот прекин на огнот кој стапи на сила во неделата на полноќ а во Каиро денеска продолжуваат преговорите за постигнување на долгорочен прекин на огнот. Израелската војска соопшти дека ниту една ракета не е исфрлена од појасот Газа. Израел нема спроведено ниту една акција. Во едномесечните борби загинаа над 1900 Палестинци, повеќето цивили. На изралска страна загинаа 67 лица.

XS
SM
MD
LG