Достапни линкови

logo-print

Се одбележува меѓународниот ден на младите


Со отворена дискусија на тема „Активни млади - клучен елемент за општествен развој“ што ја организира УНДП - Програмата за развој на Обединетите нации и трибина „Менталното здравје на младите е важно“ во организација на Националниот младински совет на Македонија, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите.

На дискусијата „Активни млади - клучен елемент за општествен развој“ која е во рамки на иницијативата на СЕП, „Младите за Европа“, ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, претставник од Агенцијата за млади и спорт, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Трибината, пак, посветена на менталното здравје на младите ќе ја отвори британскиот амбасадор Чарлс Гарет, а ќе зборуваат Нина Цекиќ од Црвениот крст на Република Македонија, Кристијан Бундовски од ЕМСА Македонија и психотерапевтот Деспина Стојановска. Според организаторите, целта е да се претстават различните модели преку кои младите луѓе може да се вклучат во активности за јакнење на нивните способности и вештини кои директно значат подобрување на ментално здравје.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12-ти август. Востановен е во 1999 година од Генералното собрание на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG