Достапни линкови

СЗО : Во Западна Африка до сега над 1000 жртви од ебола


Светската здравствена организација соопшти дека бројот на починатите од Ебола во Западна Африка ја надминал бројката од 1000. Здравствената агенција на ОН на 11 август рече дека 1013 лица починале во бранот кој ги погоди Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија. Властите сметаат вкупно 1848 за сомнителни или потврдени случаи на болеста. Високо смртоносниот вирус на Ебола предизвикува висока температура, повраќање и крварење. Не постои вакцина или лиценциран третман за болеста, но на тројца инфицирани им е даден експериментално лекот ЗМапп.

XS
SM
MD
LG