Достапни линкови

За Обама назначувањето на новиот ирачки премиер е „чекор напред“


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека номинацијата на Хајдер ал Абади за нов ирачки мандатар е "ветувачки чекор напред". Во изјавата за печатот во Масачусетс, каде што тој е на одмор, Обама на 11 август го повика Абади да формира нов "инклузивен" кабинет "што е можно побрзо." Тој рече дека Ирак помина "тешки денови", и ги повика политичките лидери во земјата да работат заедно. Во изјавата на Обама изоставено било споменување на сегашниот ирачкиот премиер Нури ал-Малики. Малики го обвини ирачкиот претседател Фуад Масум за кршење на уставот со назначувањето на Абади. Малики е обвинет за поттикнување насилство, додека земјата се бори со исламистичките бунтовници.

XS
SM
MD
LG