Достапни линкови

Убиени 568 украински војници од почетокот на конфликтот


Украински војници

Украински војници

Портапролот на украинската војска Андриј Лисенко изјави денеска дека 568 војници загинале за време на борбите со проруските сепаратисти, а 2120 биле повредени. Неговата изјава доаѓа во време кога украинските владини сили се подготвуваат за завршната фаза за повторно преземање на контролата врз градот Доњецк. Во меѓувреме околу 100 затвореници во Доњецк избегале од затворот, кој бил погоден со проектил за време на борбите. Еден од затворениците загинал во нападот.

XS
SM
MD
LG