Достапни линкови

Израелските преговарачи пристигнаа во Египет


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелските преговарачи пристигнаа во Каиро на индиректните разговори со палестинската милитантна група Хамас за постигнување на трајно примирје со посредство на Египет. Двете страни вчера се согласија на триденвен прекин на огнот кој синоќа стапи на сила. Досега нема пријави за прекршување на примирјето.

Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека хуманитарната помош ќе може да биде доставена во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада нема да присуствува на преговорите доколку продолжат ракетните напади од Газа.

XS
SM
MD
LG