Достапни линкови

ЕУ: Ердоган со улога на помирувач во Турција


Европската унија го повика Реџеп Таип Ердоган кој победи на првите директни претседателски избори во Турција да ја преземе улогата на помирувач во турското општество. „Се надеваме дека ќе ги соберете сите заедници, сите уверувања, сите мислења и сите начини на живот во турското општество“ се наведува во честитката што претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо му ја испратија на Ердоган. Тие го повикуваат тој да ги продолжи напорите за решавање на курдското прашање и за постигнување решение за Кипар, чиј северен дел е окупиран од Турција.

XS
SM
MD
LG