Достапни линкови

На Косово уапсени 40 луѓе за учество во војните во Ирак и Сирија


Косовската полиција соопшти дека уапсила 40 луѓе под сомневање дека учествувале во војните во Ирак и Сирија во формации на Исламската држава и на Ал Нусра. „Акцијата беше спроведена во текот на ноќта на 60 локации на Косово и се уште е во тек“, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на косовската полиција Беки Келани. Притоа биле откриени експлозиви, оружје и муниција од различен калибар. Во полициското соопштение се наведува дека акцијата била преземена во соработка со Државното обвинителство на Косово поради опасноста за националната безбедност и за заштита на уставниот поредок. Полицијата ги наведе само иницијалите и местото на раѓање на уапсените. Според податоците на косовската полиција, досега 16 жители на Косово биле убиени за време на борбите во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG