Достапни линкови

Украинските сили пред освојување на Доњецк


Портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко денеска соопшти дека владините сили ја подготвувале завршната фаза за повторно преземање на контролата врз градот Доњецк од проруските сепаратисти. Тој додаде дека војската го отсекла Доњецк од другиот град што е во рацете на сепаратистите Луганск. Во Доњецк денеска биле забележани нови артилериски напади, а борби имало и во близина на руската граница.

XS
SM
MD
LG