Достапни линкови

Белорусија забрани увоз на добиток и месо од Македонија


Белоруското министерството за земјоделство воведе привремена забрана за увоз на добиток од Македонија поради појавата на болеста син јазик. Ова го јави белоруската приватна новинска агенција Белапан, повикувајќи се на соопштение на прес службата на министерството. Забраната се однесува на говеда, овци, кози, како и на диви животни кои се подложни на вирусот, но и месо од животните кои подлежат на забраната. Болеста син јазик е вирусна инфекција од која заболуваат преживарите. Не постои ефикасен третман против неа.

XS
SM
MD
LG