Достапни линкови

logo-print

Вода и храна за цивилите во Ирак


Американски воени авиони, како што соопшти Пентагон, доставиле нови количества вода и храна за цивилите кои бегаат од исламските екстремисти во планинската област Синџар, во северен Ирак. Станува збор за припадници на ирачката древна курдска група јазиди кои се протерани од милитанти на Исламската држава. Од почетокот на оваа хуманитарна операција во минатиот четврток досега биле испорачани над 74 илјади оброци и над 56 илјади литри вода за пиење. Напредувањето на џихадистите во Ирак предизвика расселување на над 500 илјади луѓе, особено откако тие го освоија Карадош, најстариот христијански град во таа земја.

XS
SM
MD
LG