Достапни линкови

Четворица осудени во Саудиска Арабија поради учество во странски конфликти


Саудиска Арабија вчера осуди четворица мажи на казна затвор поради учество во странски конфликти. Во земјата годинава беше донесе закон според кој е нелегално нејзините граѓани да учествуваат во конфликти, а казната затвор може да изнесува 20 години. Специјалниот суд за криминал кој постапува во случаи на тероризам изрече затворски казни од 4 до 34 месеци. Четворицата мажи исто така се осудени и за фалсификување на пасоши и за координација со други за учество во странски конфликти.
Засега нема други детали но локалните медиуми јавуваат дека тие се поврзуваат со џихадистите кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.




XS
SM
MD
LG