Достапни линкови

Клинтон ја критикуваше политиката на Обама


Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон за порастот на исламските бунтовници во Ирак и во Сирија ја обвини американската политика под раководството на претседателот Барак Обама. Во интервјуто објавено вчера во Атлантик Клинтон конкретно забележа за американската одлука да застане на маргините на бунтовништвото против сирискиот претседател Башар Ал Асад. Таа оцени дека одлуката оставила голем вакум кој џихадистите од Исламската држава сега го пополниле. Клинтон се очекува да се кандидира на претседателските избори во 2016 година. Интервјуто за Атлантик е направено пред одлуката на Обама на седми август со која тој нареди ограничени воздушни напади против бунтовниците од Исламската држава кои заземаа големи делови од териториите во северен и западен Ирак.

XS
SM
MD
LG