Достапни линкови

Стапи во сила примирјето во Газа


Во појасот Газа стапи во сила новиот 72 часовен прекин на огнот кој беше договорен во Египет. Вчера Израел и Палестинците од Хамас се договорија примирјето да почне на полноќ по локално време. Во Египет беше постигнат сличен договор и минатата недела, но борбите продолжија по истекувањето на тридневниот период. Израелски официјални претставници соопштија дека ќе пратат преговарачи во Каиро да учествуваат во разговорите со Палестинците ако примирјето се почитува на 11 август. Претходно вчера израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху рече дека неговата влада нема да присуствува на преговорите во Каиро со бунтовниците од Хамас се додека се продолжува со фрлањето ракети од Газа кон Израел.






XS
SM
MD
LG