Достапни линкови

logo-print

Војската лојална на Нури Ал Малиќи се распореди во Багдад


Војската лојална на ирачкиот премиер Нури Ал Малиќи е поставена на стратегиски локации во Багдад, откако тој го критикуваше претседателот во изненадувачки говор. Неименувани официјални претставници сооптшиле дека војската доцна вчера ги заземала клучните влезови во главниот град, а неколку улици и мостови биле затворени. Претходно Малиќи во телевизиско обраќање соопшти дека има намера да поднесе жалба против претседателот Фуад Масум за вршење на како што рече јасно прекршување на Уставот. Малиќи, чија коалиција доби најмногу места на избори во април, го обвинува новоизбраниот курдски претседател дека не успеал да именува премиер. Малиќи бара трет мандат како премиер, но забрзаното напредување на исламските бунтовници во западен и северен Ирак летово ги засилија повиците до него да се тргне од функцијата.


XS
SM
MD
LG