Достапни линкови

logo-print

Во Букурешт хоспитализиран пациент со симптоми слични на еболата


Илустрација

Илустрација

Во Романија е хоспитализиран маж со симптоми кои се карактеристиочни за вирусот на ебола, пренесува ИТАР-ТАСС. Претставници на Министерството за здравство соопштија дека хоспитализираниот е 51-годишен романски државјанин, кој пристигнал од Нигерија. Пациентот, кој има зголемена температура, повраќа и е дехидриран, од болницата во градот Пловешт бил префрлен во институтот „Матеј Балш“ во Букурешт. Семејството на пациентот е ставено во карантин.

Мостри од испитувањата на пациентот ќе бидат испратени во лабораторија во германскиот град Франкфурт. Точната дијагноза на пациентот ќе се постави дури по три дена.

Ова е прв случај на пациент кој е хоспитализиран во Романија под сомнение за присуство на ебола.

XS
SM
MD
LG