Достапни линкови

logo-print

Зголемен бројот на кривични дела за семејно насилство


За 16,1 отсто е зголемен бројот на кривични дела за семејно насилство во првото полугодие од годината, во однос на истиот период лани. Пораст за 3,4 проценти бележат и поплаките за семејно насилство.

Прекршоците извршени меѓу членови на семејство се намалени за 46,2 отсто, како резултат на соодветното третирање на семејното насилство од страна на полицијата, односно кривичното санкционирање.

Ова се дел од заклучоците на Министерството за внатрешни работи од преземените активности во врска со семејното насилство.

Во анализираниот период, според соопштението, извршени се 389 кривични дела од кои најголем број или 67 отсто се телесни повреди и 30 отсто се загрозување на сигурноста. Останатите кривични дела се: по две убиства и противправни лишувања од слобода и по четири тешки телесни повреди и присилби. Како сторители на кривични дела, во 93 проценти од случаите се јавуваат лица од машки пол.

Најголемиот дел од кривичните дела или 80 отсто се извршени со употреба на физичка сила или закана. Сторителите при извршување на кривичните дела во 95 случаи биле под дејство на алкохол, при извршување на три кривични дела сторителите користеле наркотична дрога, додека 167 дела ги сториле во состојба на психичко растројство. Најголема стапка на семејно насилство според бројот на жителите, е забележана на подрачје на СВР

XS
SM
MD
LG