Достапни линкови

logo-print

Добра волја за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах


Претседателите на Ерменија и Азербејџан денеска се состана со рускиот претседател Владимир Путин да разговараат за конфликтот во регионот Нагорно-Карабах.

Путин изјави дека и Азербејџан и Ерменија имаат „добра волја за решавање на конфликтот по мирен пат“.

Новински агенции повикувајќи се на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, соопштија дека „конфликтот мора да биде решен, затоа што трае веќе долго време“.

Неодамна повторно се разгореа тензиите во Нагорно-Карабах со борбите меѓу азербејџанските војници и про-ерменските борци од Карабах. Исто така, имаше судири меѓу азербејџански и ерменски војници. Најмалку 20 лица се убиени во судирите.

XS
SM
MD
LG