Достапни линкови

Над пет иладји Турчинки жртви на домашно насилство не можат да гласаат


Илустрација.

Илустрација.

Над пет илјади Тучинки, жртви на домашно насилство, денеска нема да може да гласаат на претседателските избори поради опасност за нивната безбедност, јавија турските медиуми.

Околу 2.500 жени се во специјални објекти за жртви на домашно насилство, а уште скоро три илјади Турчинки се под полициска заштита поради директна опасност за нивниот живот.

Невладини организации се обратија до турските власти со барање на тие жени да им биде овозможено да гласаат без да биде откриен нивниот идентитет. По консултации со полицијата, Министерството за семејство и социјална политика не дозволи гласање за нив.

Само во првите шест месеци од 2014 година во Турција биле убиени 129 жени.

XS
SM
MD
LG