Достапни линкови

logo-print

Францускиот министер за надворешни работи во посета на Ирак


Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус е во посета на Ирак. Планирано е да ги посети Багдад и Арбил, главниот град на полуавтономниот северен курдски регион.

Француското министерство за надворешни работи соопшти дека Фабиус ќе се сретне со неговиот ирачки колега, Хошјар Зебари, во Багдад.

Потоа францускиот министер ќе оди во Арбил, каде што ќе разговара со регионалниот лидер Масуд и ќе ја надгледува испораката на хуманитарна помош за цивилите кои побегнале пред напредувањето на милитантите од Исламската држава.

Министерството соопшти дека е планирано Фабиус да се сретне со претставниците на верските малцинства во земјата.

XS
SM
MD
LG