Достапни линкови

logo-print

Тензични разговори за прекин на огнот во Газа


Тројца Палестинци, меѓу кои еден тинејџер, загинале денеска во изралеските воздушни напади на Газа, соопштија властите во Газа. Израелските медиуми соопштија дека израелските воздушни сили погодиле 25 цели во Газа од почетокот на денот.

Во обновените борби по крајот на тридневниот примирје на 8 август, загинаа 14 Палестинци , а палестинските милитанти истрелале повеќе од 100 проектили на Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да се врати на преговорите кои се одвиваат со посредство на Египет, ако милитантите не престанат со ракетните напади. Нетанјаху изјави дека Израел нема да преговара под оган.

Палестинските преговарачи се закануваат дека денеска ќе го напуштат Каиро, ако Израел не се согласува на преговори без предуслови. Израел вчера изврши 50 воздушни напади, додека од Газа кон јужен Израел беа испукани 25 ракети. Повеќе од 1900 Палестинци, претежно цивили, загинаа по избивањето на насилствата на почетокот на минатиот месец. На израелска страна загинаа 64 војници и тројца цивили.

XS
SM
MD
LG