Достапни линкови

logo-print

Авионска несреќа во Иран, најмалку 40 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 40 луѓе загинаа, од кои 7 деца, кога патнички авион се урна во близина на Техеран, објавија иранските државни медиуми. Според нив авионот се урнал по полетувањето од аеродромот Мехрабад, западно од Техеран. Авионот е од иранско производство според украинска технологија.

Иран претрпе серија авионски несреќи, а како причини се наведуваат старите авиони и нивното лошо одржување. Во 2011 година, ирански Боинг 727 се урна додека се обидуваше принудно да слета во северозападниот дел на Иран, при што загинаа речиси 80 луѓе.

Во 2009 година, руски авион се урна во северозападниот дел на Иран, при што загинаа сите 168 патници.

XS
SM
MD
LG