Достапни линкови

Први директни претседателки избори во Турција


Турските граѓани денеска гласаат на првите директни претседателки избори во земјата во историјата. Од основањето на Република Турција пред повеќе од 90 години, претседателот беше избиран од парламентот. Се очекува на изборите да победи премиерот во заминување Реџеп Таип Ердоган од Партијата на правдата и развојот. Ердоган, кој беше премиер во три мандати, на изборите се соочува со двајца противкандидати – Екмеледин Ихсаноглу, кој е заеднички кандидат на главните опозициски партии во парламентот и Селахатин Демитрис, Курд кој ја предводи левичарската Народна демократска партија. Ако ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 24 август.

XS
SM
MD
LG