Достапни линкови

САД изврши нови воздушни напади во северен Ирак


Американската армија соопшти дека извршила уште четири нови воздушни напади врз исламистичките милитанти во северен Ирак. Борбените авиони и беспилотните летала вчера уништиле оклопни возила и камиони со кои биле напаѓани припадници на религиозното малцинство Јизиди во близина на градот Синџар. Ова е трета рунда воздушни напади против милитантите од „Исламската држава“ од 7 август.

Американските авиони исто така фрлаат храна и вода за цивилите кои избегаа во планините откако исламистите ја презедоа контролата врз Синџар пред една недела.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама изјави дека воздушните напади ќе продолжат за да се заштити американскиот персонал во областа и да се заштитат бегалците. Тој рече дека нема временска рамка за тоа до кога ќе траат нападите.

XS
SM
MD
LG