Достапни линкови

Русија се подготвува за хуманитарна мисија во Украина


Каква било хуманитарна мисија од Русија во Украина би била неоправдана и незаконска, се согласиле американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон. Од кабинетот на Камерон соопштија дека вчера британскиот премиер и американскиот претседател телефонски разговарале за ситуацијата во Украина.

Во соопштението се вели дека Камерон и Обама „изразиле голема загриженост за извештаите дека руски воени возила ја минуваат границата со Украина и дека руските вооружени сили се подготвуваат за „ хуманитарна интервенција“.

Руското Министерство за надворешни работи пак соопшти дека на 9 август министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери. Лавров побарал американска поддршка за хуманитарна мисија во југоисточниот дел на Украина.

Лавров изјави дека е потребна хуманитарна мисија во југоисточниот дел на Украина, бидејќи има големи цивилни жртви во областа.

XS
SM
MD
LG