Достапни линкови

Стартуваат квалификациите за ЕП во кошарка


Вкупно 26 репрезентации меѓу кои и Македонија, денеска ги започнуваат квалификациите за Европското првенство во кошарка што ќе се одржи следната година.

Селекциите се поделени во седум групи од кои две се со по три репрезентации и пет се со по четири репрезентации. Пласман на Евробаскетот 2015 година ќе обедбедат првопласираните од сите групи и шестте најдобро вторпласирани од седумте групи.

Натпреварите ќе се играат со забрзано темпо и шест кола ќе се одиграат од 10. август до 27.август.

Пласман на Евробаскетот 2015 имаат изборено 11 репрезентации: Шпанија, Украина, Франција, Словенија, Хрватска, Литванија, Србија, Финска, Грција, Турција и Естонија.

Денеска Македонија за противник ја има Белгија.

Откако Украина заради безбедносната состојба ја откажа организацијата на Европското првенство, ФИБА Европа во текот на следниот месец по завршувањето на квалификациите ќе одреди нов домаќин на шампионатот.

XS
SM
MD
LG