Достапни линкови

Најмалку 13 украински војници загинале во изминатите 24 часа


Најмалку 13 украински војници загинале во изминатите 24 часа во судирите со про-руските сепаратисти на истокот на земјата кој е под контрола на сепаратистите.

Портпаролот на Националниот совет за одбрана и безбедност, Андриј Лушенко соопшти дека украинските сили се обиделе да заземат бунтовнички упоришта на исток и да ги отсечат бунтовниците од руската граница.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека нема кривично да ги гони петте украински функционери кои претходно беа уапсени поради сомневање за воени злосторства во источна Украина и дека ќе им дозволи да се вратат дома. Портпаролот на рускиот истражен комитет изјави дека комитет утврдил дека петте Украинци не извршиле кривични дела против цивили.

Петмината уапсени беа меѓу 400-те украински лица кои влегоа во Русија претходно оваа недела. Повеќето од нив веќе се вратија во Украина.

XS
SM
MD
LG