Достапни линкови

logo-print

Отворена руско-американска нафтена платформа


Рускиот претседател Владимир Путин преку видео врска даде знак да почне дупчењето на нафтено наоѓалиште на Рускиот Арктик кое беше ставено во функција од Роснефт и американската нафтена компанија ЕксонМобил.

„Денеска, комерцијалниот успех е поттикнат од ефикасна меѓународна соработка“, рече Путин од Сочи. Генералниот директор на Роснефт, Игор Сечин, и шефот на ЕксонМобил за Русија, Глен Велер, беа на церемонијата за почеток на дупчењето во Карското Море на далечниот север.

Путин додаде дека „бизнисот, вклучително и руските и странските компании, совршено сфаќа дека и покрај одредените политички тешкотии, прагматизмот и здравиот разум надвладува“ и оти тој е среќен поради тоа. САД, ЕУ и други земји воведоа серија строги санкции против Русија, поради мешањето на Кремљ во Украина.

XS
SM
MD
LG